„Ако можеш да ме навиткаш, ќе тропнам“ - промрморе зајачето и мрдна со ушињата.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Зајачињата и лисичињата поиграа уште малку и тогаш поголемото зајаче рече: - И ние се уморивме, да си легнеме.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Да, ене ја, се зададе и лисицата. Се озабила, се разбеснала, трча по зајачето и сигурно наскоро ќе го фати.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Тогаш лисицата сфати дека нејзините две лисичиња цврсто решиле да не ги јадат зајачињата и божем се согласи.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Циљка заспиваше последна. Со скоро замижани очи таа напнато вслушана во дедовото раскажување, се гледаше себе си како добра самовила којa им помага на сакатите и слепите, на гладните и жедните, заскитаните ги изведува на пат, се гледаше како во шумата си игра со зајачињата и верверичките и како со долга расплетена коса и со бел фустан до пети - игра по ливадите и лединките и собира цвеќе.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)