Да благодари што тие зборови беа последните од неговата беседа, та не се разбра во публиката никаква забуна.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И овие нејзини зборови беа последни што се чуја таа вечер од сцената...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Овој збор беше толку вкоренет во балканските јазици што ретко кој се прашуваше за неговото потекло, сметајќи го за автохтон.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Потем двата лика се зафаќаат со темелни семантички расправи за културолошките консеквенции од вселувањето и припитомувањето на овие зборови во балканските јазици!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Зборовите беа: 1. ајде, 2. јаваш, 3. табиет, 3. милет, 4. капиџик, 5. комшија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Зборовите беа: 1. ајде 2. јаваш 3. табиет 3. милет 4. капиџик 5. комшија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Мислам дека тие зборови беа убиствени.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
ПСИХОТЕРАПИЈА, некои други проблеми Steve de Shazer КРЕАТИВНО НЕДОРАЗБИРАЊЕ: НЕМА БЕГАЊЕ ОД ЈАЗИКОТ Кога започнав да спроведувам терапија со брачни двојки и семејства (пред околу 20 години), актуелен збор беше „комуникација“.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Мајкините зборови беа сигурно и негови.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во нашата служба овие зборови беа шифри што можеа да значат многу (иако никако до крај не можевме да ги протолкуваме) и ние во нив се снаоѓавме онака како што знаевме, секој за себе, со одговорноста врз себе.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Знаем дека тој збор ми беше страно важен, ама ете никако да се сетам кој збор беше а знам...
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Потоа те гушна Матеј. Последни твои зборови беа: „Матеј, да си одиш во Америка“.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Неговиот збор беше прв и последен - тој одлучуваше која фирма ќе ги чисти влезовите, која улица на градскиот совет ќе му биде предложена за асфлатирање, каде ќе се обнови канализацијата...
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Тогаш му се стори, или некогаш другпат, но секако таму на планина, пред или по средбата со бившиот богослов, дека таа му говори а секој нејзин збор беше како игла.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тие и други зборови беше рекол стариот и беше си умрел, и тамо беше го закопале.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
И покрај постојаната политичка борба во Сенатот, секојдневните подлости на политичките соперници, тој во Политиката го наоѓаше сублимирано токму разнообразното задоволство на својата култура во која трговијата, измамата, вештиот збор беа и опстанокот и уметност.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Се разбира, неговите зборови беа порозови но притоа и погорчливи од овие што јас ги употребив, но мислата верно ја пренесувам, со малата додавка дека своето размислување Боге од Бањи го проследи и со неколку насмевнувања во кои за жал изостана присуството на птици.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Обидувајќи се да ги изгладам лошите размисли го свртив разговорот на сандакот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Којзнае, можеби веруваше дека таа не прислушува па тој токму на ваков начин се трудеше да и го заджи вниманието.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Всушност секогаш кога ќе проговореше со добар дел од зборовите беше свртен кон неа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Секој нејзин збор беше проследен со писклив потсмев што Самоников одвај го задржуваше помеѓу забите.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Па сепак, во начинот на употребата на зборовите беше присутна шегата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Неговиот збор беше “Oh”.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Во Татковите зборови беше кажано сѐ! – Но вака повеќе не оди со децата, мора да најдеме чаре!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Понекогаш гласот допираше од голема оддалеченост, понекогаш тоа беа два гласа, многу гласови, цела скала на човечки извици што му навираа во устата, но нивните зборови беа секогаш истите: „Погледни, погледни, ние го сторивме тоа!“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)