Само тие зборови останаа живи од некогашното знаење на турскиот јазик.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Толку многу зборови останале неизговорени - зборови и за прашања, и за одговори - останале во двеве души неизречени - тешко напластени.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Повторно се соочував со вистината дека има во суштината на животот душевни состојби, чувства, пред кои зборовите остануваат немоќни брани.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Премалку зборови останаа. Премалку за да звучат поврзано.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Значи, раната од секирата зараснала, раната од грдиот збор останала да боли!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Овие зборови останале загатка за сите.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)