И замисли си, батка, сите овие зборови таа ги изнареди као свеќи на прозорецот, а пред свеќите и пред отворениот прозорец таа лично се рашетува како од мајка родена.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Го заобиколи трњакот и влезе во питомината на која до пред една недела, изгледа, не беше ожнеана пченицата.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Крсто, стопанот нејзин, повеќе навреден отколку желен да спечалува, млада ја остави со единствениот син и замина за Америка.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
„Прво облечи се а потоа поставувај услови“ ѝ велам, ама мртов ладен.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Споменот за синот како камен ја влече кон дното на очајот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И во овој толку краток збор таа не може да најде излез од кругот на секојдневните јадови и чемери.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)