На Нешка овие мајчини зборови ѝ ја олеснија положбата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Аргировите зборови ѝ ја раскинаа нејзината коприна, ја разголија и ја открија онаква каква што и беше таа за мајсторите: тешка, неумолива.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тој само се опушти во фотелјата и без збор ѝ ја подаде слушалката.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
6 Оваа книга ја пишував јас, онаа јас на која „сите зборови ѝ се расеаја“ токму како и на Caroll-овата хероина Alice.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Сега ми се чини дека не ја пишував јас туку некоја возрасна Alice на која зборовите ѝ се расеале, која не знаела која е: ту ѝ се чинело дека е поголема од куќа, ту дека би можела да се удави во баричка од солзи.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ја бара низ мислите девојката на која некогаш ѝ раскажуваше Што ќе пишува во писмото од нејзиниот младич утре што ќе ѝ го прати: На секој негов збор ѝ се надаваа, ѝ се поткреваа дојките,
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Зборовите ѝ беа исушени како шупливи ореви, како циронки на низите, како глувина и тажен ѕун на садовите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Риса и Тронда се протуркаа низ проретчениот круг и без многу зборови ѝ помогнаа да го фрлат во вагонот на Чана, во малиот празен брлог до вратата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Затоа со два збор ѝ даде на Ајша да разбере: – He ми треба мене друга облека од мојава.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Убаво е да имаш некого со кого ќе можеш да поарчиш барем понекој збор ѝ се исповедала краварката.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Момирок со запенета насмевка. И зборовите ѝ беа проѕирни.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
" рече и молкна, што беше знак дека зборовите ѝ се задушиле во плач, но сепак успеа да му рече: "Кога ќе дојдете?
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Ама, трчајќи надолу, пак почувствува дека и друг трча зад неа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Другите зборови ѝ остануваа заробени некаде меѓу слепите ѕидови на градот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)