збор (имн.) - ќе (чест.)

Се тешам, би можело да се рече...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
-Да заминеме, момци, во шумата - го прекина Михаил - наскоро сите зборови ќе ги заборавиме.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во нив за тој збор ќе ги пронајдеме изразите какви што се непријатно, страшно, неугодно, морничаво, итн., но тоа сепак не е тоа.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Кого да прашаш, што да прашаш, само убав збор ќе чуеш, ама ти и самата знаеш, мајче, самата девојка си била и што е милост знаеш, мајче...“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Со еден збор ќе беше доволно да ги прочитаме приказните што веќе се запишани.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Од неговите зборови ќе ги издвојам и овие: „Ете, таков е ракописот на животот. Секогаш е нејасен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јас сметам дека со неповторливо богатство се надарени само нашите лични доживувања, приказните што ние ги создаваме: разнобојни, шумни, богати, со насмевки на бои што ќе ги откриете само во опашот на паунот, и се разбира, да не заборавиме, кај виножитото.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Иако е исполнет со прекрасни намери.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јас ѝ верував, а сепак молчев, затоа што секој мој збор ќе ја потсилеше да раскажува уште повеќе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И таа не ви прилега. Зборовите ќе ве запизмат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
При сѐ што беше речено погоре за новото течење во развивањето на националното самосознавање кај нас, ми се чини оти мнозина од вас во моите мислења и зборови ќе видат само една мистификација.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Откако ќе го напишеше поздравот, никогаш не знаеше какви зборови ќе се родат по него.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тогаш за првпат му кажа дека само со силата на својот збор ќе успее да придвижи многумина.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И тогаш учителот, налактен на извалканата маса, ќе започне за што и да било и за кого и да било, стариот слуша и божем случајно зборот ќе дојде и за Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Секој мој збор ќе ја уништи ноќната фантазија, тихата, таинствена музика што ги обзема.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сега Водомар со калпак од личунки на глава имаше збор.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ика, ека, Екенија, богата е Мортенија Без спогодба и без збор ќе го купи Салвадор.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Преку икра да стане риба, нејзин ќе е сиот Либан.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Нека слушнат сите будни, будни дури и да дремат, на мудроста тој е рудник, со дилема, без дилема, збор ќе земе, има тема.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Без збор ќе ве грабне за шија и ќе ве влече кон подрумот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ако таа им речеше да лазат, тие без збор ќе легнеа наземи и ќе правеа така како што им беше заповедано.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тој одлучува како ќе говори, кои јазици ќе ги учи, кои туѓи зборови ќе ги употребува во својот говор.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И што е најзначајно, во еден омаж што ќе му го искажат неговите благодарни потомци, ќе биде истакнато дека нему ќе му биде туѓ секаков пуризам, таа болест на слабите, загрозените и, што е најзначајно, неговиот став кон турските зборови ќе биде ослободен од омраза и комплекс на помала вредност продолжи Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но играта беше и повод да си прикажуваат за нивните балкански алови, без страв дека отворените и смели зборови ќе поминат преку тарабите на куќата крај реката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се потсетуваше утешно на пораката на Хорациј дека кога еден збор ќе замине, тој повеќе никогаш не се враќа!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За него и неговите лингвистички реформатори, нетурските зборови ќе бидат сметани за примеси на завршено време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но не знаеше кога тоа ќе се случи, кој османскотурски збор ќе биде причина за тоа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сопругата не му рече ништо за синоќнешниот синоќашниот кошмар, само го праша за кој збор ќе реферира денес.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Овој збор ќе опстане во балканските јазици како архаизам, но тој долго ќе одекнува во народното творештво кај балканските народи, ќе се задржи во колективната меморија како синтагма темна зандана, како претсобје на смртта, како пекол, како балкански гулаг...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но добрите зборови ќе ги задржиме, ние ќе ги отстраниме лошите!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Неговите зборови ќе се вратат од таму од каде што биле дојдени!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На арапски јазик ал-рабвех значи рид прекриен со зелена трева.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сѐ додека не го изговори, тој не знаеше кој збор ќе го каже.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се огласи секретарот Сретен Јаворов. Најави дека по своето воведно слово, збор ќе им даде на експертите, хидроинженерите, а на крајот и на Цветана Горски.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но Френк не сакаше ни да чуе; се беа договориле дека неговиот збор ќе биде последен за ваквите работи сѐ додека е во состојба да одлучува, а тој е решен да не допушти работите да дојдат дотаму да не може. Ü за­брани дури и да му телефонира на Донат за да го најави нивното доцнење: ако не му биде добро кога ќе дојде времето за облекување, таа ќе замине според договорот, а тој ќе се придружи подоцна.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во елегантно изведениот вовед во Апокалипса, Бароуз прецизно ја опиша виртуелно- реалната уметност на иднината: Кога уметноста ќе ја напушти рамката и кога пишуваниот збор ќе ја напушти страницата - не само физичката рамка и страница, туку рамките и страниците на одредените категории - се случува базичен опис на самата реалност; либерална реализација на уметност...
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
А потоа, наеднаш, од собата, заедно со зборовите ќе исчезнеше и божемното привидение.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тие и без зборови ќе се разберат!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Долгите зборови ќе ги закачиш при врвот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
А и гласот на Непознатиот што го слушав како доаѓа низ вратата додека стоев во собата на Грофот беше истиот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Оваа мудрост, паметам, ја платив еден вињак.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И секогаш кога во темнината ќе го спомнев овој збор ќе му го здогледав лицето на Непознатиот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Божјата душа ако е вистинска добродетелка и без зборови ќе ти ја открие гладта во очите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Со кои зборови ќе го опишеш чувството без форма кое виси во овие ладни ходници пред кое отчукуваат милиони чекори на непознати гости кои дошле да ти се восхитуваат, а не те разбираат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Само што тие звуци ќе бидат неподносливи тишини, тие зборови ќе бедат крвави дождови, а тие погледи сиви сенки, рушевини, висечки градини во кои верував дека ќе го живеам сонот, а сега гнијам, умирам, немоќна пред стравот да признаам дека тој сон беше страст, импулс, желба, глад за моќ, но не и судбина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ќе читам и секој негов збор ќе си го превелувам со устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само — чат, пат — нешто ќе одмемолат, некој збор ќе измолат да го кажат. Сега, што?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Нека останат тие петстотини, му вели татко ти - зашто ако се фатиш со старата, секој ден и за секој изговорен збор ќе ѝ бараш да плаќа казна... - одново удри смеа, а Мита, кикотејќи се гласно, праша: - Како му рече баба ти на судијата? ...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со еден збор ќе одморам во потта и крвта што ги пролеав во борбата против англоамериканскиот империјализам и домашните предавници, во борбата, велам, за народната слобода и светската пролетерска револуција. Токму како што рече другарот Захаријадис.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ако не ги знаете сите тие зборови ќе ја погледнете и нивната дефиниција и.т.н.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Од искуството кое го имам на претходниот факултет, најдобро тоа со еден збор ќе го дефинирам како хипноза.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)