Прекрасни облеки има, старо и младо ги носи, а сепак во многу земји среќаваш голи и боси, Волшебни палати има, секаде зграда до зграда, а сепак, во многу земји некој за дом топол страда.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Но бидејќи полека се навикнуваше на мракот, со двете раце се држеше за ременот од пушката што му беше обесена на рамо, главата ведната и мислите или во гаражата на мајсторот Ратко или на корзо каде што во Охрид беа девојките, тој просто полека, нога за нога, шеташе од аголот на училишната зграда до попречениот ѕид обраснат во капини и назад.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)