здив (имн.) - на (предл.)

И постојано си го поставувам истото прашање дали ќе брзав да пораснам, ако знаев дека толку многу ќе ми недостасува патот од Мичурин до Градскиот парк на рускиот велосипед и топлиот здив на дедо ми во мојата разлетана коса? In memoriam Дедо ми Борис Кривошеев секогаш кажуваше дека за жената смртта е награда во споредба со тоа да биде силувана или да ѝ го убијат синот!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Кога сфативме дека таа овој пат нема да се врати (татко ми и сестра ми малку пред мене) почнавме да разговараме за тоа што нѐ мачи. За неа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Речиси, никогаш не ме болеше неговиот допир со памучето намокрено во ракија на моите расрквавени колена со кои ги стружев рапавите улички во Мичурин, најмалку еднаш во неделата.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сѐ уште го чувствувам неговиот топол здив на вратот.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
И толку убаво свирел, што со мелодиите го запирал здивот на минувачите од под кулата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Мириса на мувлосано, на здивот на пијаниците...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тие го плиснаа со топлиот здив на животот во домовите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Облечена во древната облека на утрото од рујни зрна сончевина Нанижани на танките и нечујни нишки на тихиот здив на птиците овде сѐ уште самува сенката на нејзиниот глас.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Пено на ледениот здив На змијата под каменот со претчувство на трпкиот сјај од сончевата трпеза на летото Пено на древниот вруток.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Слегни на мојата планина завиена во топло крзно сета од здивови на исплашена дивина.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Клекна до горниот дел на креветот и беше толку блиску до него што тој можеше да го почувствува нејзиниот здив, а во нејзиниот здив беше и здивот на другиот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Самракот однадвор е сѐ уште посветол од темницата во собата и можам да го видам нејзиното лице, прилепено на прозорското стакло, и разголениот врат, во бледиот, умирачки здив на денот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Штом се примолкна до пештерата, засолнета меѓу столетните, извишени, длабоко закоренети храстови и тивко ја репетира пушката,го наслушна испрекинатиот здив на прогонетиот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сето ова делува најприродно, како и суптилните, кружни движења на нејзините полнички дланки, кога во наежената кожа ми втрива мирисно масло од темното, осмоаголно шишенце со етикета „Здив на боговите“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Уште еднаш страотно рикна бикот, им го замрзна здивот на касапите, замавна со главата и го откорна дабовиот столб за кој беше врзан.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Благо, без тежина, тој му го поклопил на видовникот едното рамо со дланка и му рекол да не се спротивставува, да легне на грб пред неговите нозе, да остане без отпор пред ножот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од неговата прикаска исто така можеше ноќе вжештено да се размислува за светците и грешниците на минатото и за темните вртежи околу нив, за времето во кое, повеќе од кога и да било, смртта и стравот од смртта господареле и над билје и над луѓе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Низ толпата се промушнал здив на олеснување - од искони ножот бил дел на нивна коба.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како да бев во една од куќите на Кукулино: од огниште на кое виси поцрнет котел се шири црвеникава топлина, удира во луѓето и им ги брише од лицата грижите и годините: светлоста се мрешка по земјениот под, мислиш вода е над кој минува здив на ветар: чкрта стара маса на долги нозе, на неа е дрвена карта со ракија, зад луѓето плашливо трепка око на кандило и потсетува на заборавена ѕвезда под проѕирни партали на пајажина: топло е, животот е далеку од светот на домаќините и гостите, обесената низа лук на ѕидот брани од урокливите очи на темницата зад прозорците. ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А Змејко го изнаоѓаше неговиот лик во секое катче, во секоја шега, сеќавајќи се просто како натопен во него, сигурно затоа што и целата таа зградичка беше натопена од здивот на оној старец Дука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се чинеше како да нема никаква тежина, со која беше стапнат во таа долина: се чинеше како да ќе одлета само ако дунете малку посилно во него, како она топче од презреаното семе на глуварчето, што се раштркува на сите страни и при најмалечкиот здив на ветерот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се споија небото и земјата во силен тресок, котвата беше крената, каравелата користејќи го здивот на воздишките со полни едра исплови кон широкото море на надежта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во утробата му навлегуваше тешкиот здив на гниење и му ја заматуваше главата. Му се повраќааше.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се спружи во ладнината и во сеќавањето остана само белината на плочите, издолжениот врат на камилата и кротката влага во нејасните очи, палмата, трома и висока, а под неа камената зграда, исушена од врелиот здив на тропикот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Запарниот здив на југот ги беше избркал во длабоки сенки. Да се освежат и освестат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во долгите зимски ноќи - калливи или виуличави, закитени со мразулци или уште неоладени од испливиот здив на студот - ловечката страст е поврела и понеобична кај селаните.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
По гола ливада, просто збришана од првиот здив на безмилосната планинска есен, полека чекори подведната старица.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ми се стори дека тој брз здив на некого што не е веќе меѓу нас дојде за да ги отстрани сите сомневања и прашања дали е тоа она: валчестолика и млада со положени раце в скут, на градите, помеѓу два брега на женскост, сребрен крст и цвеќе, најверојатно китка лилави бел алисум; рамениците се паднати, од едното се цеди сончева светлост за да истакне во заднината некакво зимзелено дрво но толку малецко за да може да биде она џуџе на Едвард Жорес.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Стипцосаната земја, над која пловат зачаденост и црни испарувања на тага, ја ора усвитено железо и ја јалови оган, по нејзините врвици и библиски беспатици јаваат на коњски костури апокалиптични рицари - чумата, поморот, алчноста, бесот:коњските узди се густ сплет на змии, здивот на јавачите е сув ветар од кој и коренот на кровот се суши; зад нив останува трага: дрвени крстови, плочи со камени чалми, несобрани трупишта, урнатини.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ненадеен здив на попладневен ветар го смекна да не пламне, да не ја испцуе жената, навидум старица, иако постара од него само неколку години. Така е, само луѓето, тие и ништо повеќе, можеа да бидат грешка на природата, зло, свое и нејзино.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Го одземаат здивот на мажите, танцувајќи замаено.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И Татко и Камилски, секој на свој начин, и според свои мотиви, беа обземени од мистериите на османското време, задржани и скриени, присутни во мирисот и здивот на вековите заборавени во џамиите и вакафите (битолските кадиски записи), во шепотот на водата на шадрваните, во ехото на исчезнатото време во ановите, во звуците на чаршијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Минувајќи низ Камениот мост од западниот кон источниот дел на градот, во потрага по турските заемки задржани уште во живот, Татко и Камилски се движеа со бавен ритам, за разлика од луѓето со забрзани чекори од обете страни на мостот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Лево, валканите решетки водеа до подрум од кој избиваше здив на смрдлива дупка.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Во графите за критериуми свое место имаше и фазонот на подбрикнувањето на волната, како и миризбата на дундата, оти сите тие различно мирисаат, како што различен мирис има здивот на секој човек.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
За време на селекцијата, повремено се отвораа големите прозорци на фискултурната сала за да влезе студен воздух и да ги облее голите тела на жените за да се види како на таа промена реагира нивната кожа: дали кожата ја менува бојата, дали таа на места се прошарува со модри вирчиња, дали намовнува како кожа на искубана кокошка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На каде да го завртиме умот за да нè исчисти здивот на вистината?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Од едната страна екранот, мароканската жега, пареата на амамот, а од другата страна здивот на Симона некаде на околу едно метро в косо поназад од мене.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Каде ќе нѐ одвее ветрот на дедовците, таму ќе стигнеме, кога ќе смета дека е време дедо Костадин ќе ги отвори вратите на вагонот и одеднаш ќе го пушти и ќе нѐ забери назад, поблиску до здивот на предците!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И покрај тоа што сите се имаа колку толку засолнато, белиот здив на зимата како да им шеташе веќе по коските.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
6.1 Крилест коњ долета во сонот Со грива од пролетните откоси во полето Со стишени громови во копитата Со здив на длабока гора во ноздрите.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Миризбата на јорговановите цветови се ширеше низ чарадакот, го носеше до нас здивот на блиската река...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка ја зеде канистрата, од неа се ослободуваше позната миризма, здивот на нашето Езеро, единствената татковина што опстануваше во нашето сеќавање.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
...височините значи отпаѓаат ги фрлам скалите надолу во грлото на вулканот во жешкиот мрамор на истребените векови секој миг по еден век симнувам по еден недоживеан народ по една голема мајка отстапуваат црвите пред огноотпорните инсекти овие пред здивот на ослепените сенки...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Здивот на публиката зад тебе е сосема малку важен во откривањето на глетката.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Дури тогаш можеме да тврдиме дека и вистински го имаме почувствувано оној здив на мечката што не сме ја виделе иако нѐ делеле два чекора...
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Оној кој е подбркан од судбината, независно од тоа кој пат ќе го искористи за да исчезне, не може да се ослободи од прогонувачот, постојано ќе го чувствува неговиот здив на вратот, дури и тогаш кога тој прогон ќе го прогласи и за проклетство што којзнае како му се присламчило па во чекор го следи, барем така го чувствува лично тој иако знае дека помеѓу него и прогонувачот се протега добар дел од пуста и неосветлена улица.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Било каков да е крајниот избор во однос на дејствието кое се одвива, потребно е тоа да биде оној кој најсигурно ќе го задржи здивот на публиката.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Возбудата на надворешниот свет допираше до него обесилено, како лесен здив на далечен ветер во топлата соба.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Се смрди селото од риба; замириса сѐ на риба: и алиштата и постелите по куќите, и садовите, и водата за пиење, и млекото, и здивот на луѓето, и изметот; ги солеа луѓето, ги ставаа во грнци, во каци, во сѐ што имаа, ги сушеа, а скапаните им ги фрлаа на мачките што се накотија и изнадојдоа од сите села: мораа после со пушки и со отров да ги ништат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Со прстите на својата смеа што кружат во муграта наслутена те вадам од ова задушено купе што живее со здивот на тунелите и те водам во синиот и широк сон на јавата да се одмориш во зеленилото на пристигањето.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Би те кренале неми над своите немирни тежини да те поплави небето со белите трошки на погледот Дали тогаш твоето сонце ќе може да го озвучи кроткиот дожд на тишината Сепак не е зимата румена како нашите образи и не е вистински сетна како здивот на реката Побарај го слапот од надевање во извезената кора на мразот под која тлее жуборот на едно кревко сеќавање
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Да ја криеш секоја горчлива солза, да осетиш како е да губиш сѐ, а не можеш да побегнеш, зошто ледениот здив на животот душата ти ја претвора во стерна, а пламенот од светиот оган телото ти го претвора во пепел.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но еден ден сосема обичен, скоро совршен ќе се разбудам со нов сон, со нова мисла и ќе дозволам засекогаш да исчезне сенката на мојот најголем страв.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Оваа ноќ по своето тело го чувствувам само ледениот здив на изгубените души.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Краток ѝ е здивот на зимата во марта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ни се гледа уште последниот здив на устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)