Кога пристигна бродот во таа далечна земја Тој виде непознат народ поседнат на брегот И јадри ѕвезди на небото.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Откако убаво ја раскопа земјата тој почна да размислува и за буквите па од сета азбука ги избра само Р и У, ги запрета в земи а тие таму се испреплетоа и врзаа густо корење.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)