Како? Некако, ни на земја мртва ни на небо жива, со стрелушно зјапната безгласност на клунот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пред мене сите монаси застануваа зашто на земјата мртвите меѓу живите ги баравме.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Јас, Лука Јас, Лука, монах од Вапа, запишав: Пред мене, најстар меѓу монасите, пред легнување застануваа сите монаси и не толку да ми бакнат рака колку да видам кој до кое господово скалило дотерал, убаво распознавав кој најбрзо при Господа ќе стигне и саноќ буден јас своите соништа на оној му ги дарував на кој светлината на првата ѕвезда веќе го допрела.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Над случката на призрачното умирање на мртвите низ векови, од незнамкога до последниот ден на неговите шеснаесет години, ќе се веела проѕирната птица на една душа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)