Работава не напредува, си мислам, не само по вина на природата, зар може да биде вина тоа што е лето и што е земјата сува и горка, та тоа си е нормално, лето е и суша и тврдо е камен, а тоа е и предноста на еден ископан бунар, предност на бунар ископан во најголема суша, тоа значи дека во иднина ќе има вода во секоја сезона.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Го гледам тоа тркало на тие дамнешни сништа полето како го буди врз таа земја сува и дури се вишнее класот и брегот дури листа базјето спокој и очите ги чува.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)