Страста е корен на сите гревови и зла кои го разурнуваат телото и душата и го навлекуваат гневот на бога; зашто тој сè следи, сè гледа; го гледа и она што за нас е невидливо; ни борави во мислите, ни ги открива намерите, тајните; се мачи и сè чини да нè одврати од лошите намери и да ни го покаже правиот пат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Заборавив да спомнам: Стариот писател Зрновски, барем според она што го рече, дошол да ги оправда нив двете но и понатаму ме уверуваше дека во моментот кога ќе ги прифатиме како вистинити приказните што ги создава расипаната фантазија или очите на поттикнувачите на злото кои за жал напати умеат да ја преземат улогата на нашите очи, животот се престорува грдо калиште.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Зборуваше… Зборуваше…а во неговите зборови ниту траг од сочувство поткрепено од надеж… или барем некоја ситница што ќе потсети на оној низок лет на ластовицата над калдрмата по долгата суша, во оние пресудни мигови на очекување на дождот кој ќе ги подигне од загрејаната почва замелушавените мрзливи инсекти.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)