Мислеше дека сето зло во неговата куќа таа му го донесе.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И така, значи, Бугарија ни ги направи досега веќе сите арнотии, остануваше само и кај нас да развие класа „самостојни националисти” што ќе разберат најпосле каде е коренот на секое зло во нашето национално развивање, т.е.Бугарија реши и кај нас да насее русофобство, та и ние да ја изгубиме секоја вера во православна Русија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Просто се чувствував како да се борам со злото во мене. Одвај се извлеков од лошите мисли.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Елиот Кари (Elliot Currie) одговара дека најголемото зло во врска со овој проблем произлегува главно од тешкиот данок што наркоманијата го наплаќа од зависниците, нивните семејства и пошироката заедница.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Бендоу разгледува неколку начини со помош на кои би можело да се стави крај на забраната за уживање дроги, исто како и користите и штетите од секој од тие пристапи, вклучувајки ја и заштедата на средства кои би можеле да се пренасочат во пропаганда против наркоманијата и за рехабилитација на наркоманите.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тука има само една единствена мечта: да стигне под темелите на одвратниот молох што го крие злото во својот железен стомак.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ќе им го направи ќеифот на овие двајцата, што само злото во нив ги одржува во живот.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Со денеска, со утре, растејќи је злото во срцето, што ќе 'а натера ѓаоло: отишла во бавчата, искорнала едночудо дрвца од една година садени, та 'и искршила сите, а коа дошол големиот брат (мажот је), му кажала и је наклеветила: - Ја појди во бавчана, бре домаќине, да видиш оти сите дрвца 'и искорнала сестра ти и 'и искршила!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Дрвца се наоѓаат, жено, и се садат, а пак сестра не се наоѓа.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Сите зла во вицовите припишани нему и сместени, по потекло, во далечната Херцеговина, се автентични зла на главниот град.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Победи ги злото во себе. Сега.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Мислам оти тоа претпладне, на гумната сред Новодеревјановское Црвените го убија злото во него, но заедно со злото си замина и Козакот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Но ова се претпоставки" вели Поетот“ а ние, барем засега, можеме со сигурност да сметаме само на еден факт, оној, дека стореното зло во сонот не остава трага, па дури ни во случаите како во оној кај Данте: Верувајте видов и уште го гледам трупот кој својата глава место фенер ја носи лулајќи ја на мртвите коси! ...
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)