Се слуша дека во летните квечерини од реката изнуркуваат летачки змии и отфрлајќи жарчиња во форма на крлушка од крап, се упатуваат кон шумите.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Дом на орли и којоти, татковина на змии и зајаци, населена со ветерници и далеководи што како индијански племиња демнат на хоризонтот, пресечена со пруги по коишто пловат долги композиции на коишто не им се наѕираат ниту почетокот ниту крајот...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Магијата на змијата и местото што беше обградено со ѕид, привремено ѝ ја избришаа свесноста за природниот свет што ја опкружуваше.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Таа можеше да стапне на змијата и колку многу ќе се исплашеше.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Претам заедно со змиите и пијавиците што ми се лепат по кожата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се надвиснала над мене, ко исправена змија и не ги сметнува очите од мене.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Крцка и истрпнува планината: полазуваат сите змии и гуштерици, сѐ што се нашло пливнало по земјата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
22. Ако чудесните трансформации, кога, пред заканувачката потера, фрлениот чешел израснува во трње како корија, солта во планина од пештери и камења, врпците во змии и смокови, капката масло во маслено езеро (во кое гонителот се удавува) се доживеат како прекрасни поетски слики, тоа не ми брани во овој бајковиден детаљ да го побарам сопственото етичко толкување.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
БОРИС: Цел живот мислев нови светови градам со чисто срце, со сета сила, орав и копав, нуркав и летав, со змии и аждери адски се давев и не слава за себе да крадам, а слава на родот свој да му дадам.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Брзал кон куќа со гнил дел на чардак, тврдина на стаорци или човечко дувло од плитар што не можело да има поинакви прозорци освен од парчиња момирок врзувани со олово во несигурната рамка на квадратот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На накривеното куќиште била заглавена над вратата икона од оревово дрво: безимен светец со чудесно лице на млад левент во пламена облека и со пламено копје во пребелите раце јава градест и гривест коњ и убива ламја со густ тутунски чад во ноздрите, боде многузаба исклештеност со грбник на костреш, а во далечина, под замагленото лилаво и алово небо, пукаат планини на чии преслапи зарѓуваат капки сонце - тече црна крв меѓу премазни камења, опашот на чудовиштето со последен бес се обвива околу младите нозе на белецот, земјата испукала од морничавост, во пукнатините повеќе се насетуваат отколку што се гледаат змии и гуштери.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дончо не ја ни погледнува, дури не го насетува ни прстот насочен на кај него, спокојно срка од гравот, пика големи залаци леб во устата и низ мласкањето стркалува по некој збор Каква гулема вода, сиво платно шо го м’кне некој невидлив чичко!плитката вода му дошла до колената, ама се сетил на предупредувањето од Митра и се повратил, што се однесува до змии и такви нешта вели Ми стапот во моите раце?
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)