Во јазикот има одделни гласовни знакови или зборови за сите мисли, чувства и желби на еден човек, затоа јазикот на еден народ е негово духовно богатство и наследство во кое се заклучуваат отпечатени во гласовни знакови или зборови сите народни мисли, чувства и желби со коишто има живеано и живее еден народ и коишто се предаваат како нешто свето од едно поколение на друго.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Препуштајќи му ја на некој знак или настан грижата за вашиот живот, вие од него суптилно ја поткраднувате формата. Извадок од есејот Менување на волјите, од книгата Проѕирноста на злото (La Transparence du Mal, Jean Baudrillard, 1990.) 8 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Но, сите тие знаци не се помалку прецизни од нотните знаци или хиероглифите на танцот“.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Освен можеби оние вечни осуденици, спомените.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Па и тие немаше да се враќаат ако не беа врзани за нас со златниот конец на сеќавањето…
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Со една мала забелешка: бев свесен дека не смеам да се залажувам со површниот заклучок дека станувало збор за знак или најава преку која некоја непозната сила се обидува да ми ја подотвори вратата на шпекулациите овозможувајќи му на она што еднаш веќе протекло повторно да се врати и да ми се придружи...
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Прости ми другар Даскалов и веднаш речи ми дека не треба и не смеам да заборавам оти во животот никогаш ништо не се враќа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Израз на знакот на писмото е физичката супстанција со чија помош се реализира визуелната репрезентација на знакот, без оглед дали станува збор за цртеж, геометриски знак или сложена фигура.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Овие знаци-еписемони се карактеристични за грчкиот систем на писмо и за алфабетите, настанати врз основа на грчкиот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Дополнителните знаци во овие системи се создаваат или по пат на модификација на основните знаци или по пат на позајмување на одделни знаци од други извори, при што во некои случаи се користат и постарите системи на писмо на конкретниот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Со други зборови, секој симбол-знак на писмото претставува двострана реалност, системска единица окарактеризирана со две страни: со израз и со содржина.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Може да изгледа дека си го ограничувам концепцискиот модел на површни појави, на етикети или знаци или категории или идеологии, избегнувајќи ги длабоките, внатрешни процеси преку кои се формира и се ориентира поединечниот субјект.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како таква, мајката долго им служела на геј-мажите како камп алтерего.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Може да заличи на заблудено, во секој приод кон машкиот геј-субјективитет, ако се пренебрегнуваат психичките фактори и ако се става преголема нагласка на општествената семиотика, на кодовите на полот и на родот, ако се третираат како определителни за премрежињата на машкото геј-формирање на субјектот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Секогаш е и самата таа и претстава, и мајка и знак или израз на мајчинството, симбол на мајчинското – односно, можност на одредена општествена и емоционална ситуација.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не е јасно што настапува прво, дали истополовата желба или родовата дисонантност, а не треба ни да се претпоставува дека првото или второто е извор или потекло на другото.
Еднакво немудро би било машките геј-културни практики да се оградуваат од секаква вплетеност во родовата обратност, во родовата девијантност или во родовата нетипичност – како што се обидуваат да прават некои критичари, кои им пристапуваат со постоунволско сфаќање на машката хомосексуалност како чисто сексуален и мажествен идентитет.366 Повеќето машки геј-културни практики, најпосле, од обожавањето диви до внатрешното украсување, излегуваат силно интонирани со женствени значења и нема потреба да се заматува тој факт.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Истовремено е и стварна и симболична.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Мајката истовремено е и личност и функција.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но општествените значења, како родот и националноста, не се површни: тие се конститутивни за човечкиот субјективитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Препуштајќи ја грижата за вашиот живот на некој знак или настан, вие од него суптилно поткраднувате форма.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Оттаму, од просторите на доброволниот егзил, што го избра мојот Привид никогаш не пристигна никаква надраска, ниту белег, ниту знак или абер во кој ќе препознаеме барем еден наш здив, наша сказна или спомен помеѓу сите туѓински определби што наеднаш Привидот ги избрал за своја храна.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Тоа е избледен знак или истрошена дагеротипија, појави на времето.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тоа е денот кога напуштивме некоја жена и кога некоја жена нѐ остави.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тоа е лакот во Улицата Боливар низ кој се гледа Библиотеката.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)