Околу полноќ станаа сите тројца и уште пред зора го фатија врвот од Маргара.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Зората го отвораше небото и го осветлуваше селото, но таа му изгледаше поинаква од другите: му изгледаше тажна, невесела; и сонцето што се покажа, му изгледаше понакво од другпат: крваво, мрежичесто како и неговите насолзени очи; и птиците што се будеа, како да му го разбираа срцето: пееја поинаку од другпат - тажно, со стегнато грло; и луѓето што ги сретнуваа на патот, ги поздравуваа со натажен глас.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
А утредента, кога зората го покажуваше своето невестинско лице и петлите од четирите страни на селото го огласуваа раѓањето на новиот ден, Бојана ги колнеше и зората и денот, кои сакаа безмилосно да ѝ го грабнат љубениот маж. Ѝ се сакаше таа ноќ никогаш да не се сврши.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Пред зори го зедоа. Го вратија околу пладне. Мирисаше на хлороформ.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)