— Аман — заман јок, нерде кумитлар анасени... ана! ) — викаше онбашијата и маваше по старецот со една недокастрена суровица. Не беше работата за комитите, но дедот Стојко не донесе мед што му нарача вчера Расим, та го окрка ќотекот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)