92. К.П.Мисирков беше еден од тие бегалци (П.Попарсов, Д.Груев, Д.Мирчев, Хр.Попкоцев, Ѓ.Баласчев, Н.Наумов и др.) што беа и едни од главните основачи и идеолози на Младата македонска книжовна дружина во Софија и издавачи и уредници на нејзиниот орган сп.„Лоза” (1892).
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Го бараа главните идеолози на партијата и изградбата на социјалистичкото општество кои ја предизвикаа козјата трагедија.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Таму надлежните не реагираа, не сакале да го будат Водачот за оваа локална мешаница, впрочем тој и не се занимаваше со козјиот проблем, којшто повеќе спаѓаше во доменот на главниот идеолог на партијата и стратег на системот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И така сите молчеа во главниот град на јужната република, фатени во пајажината на „козјата мафија”, иако велеа, повеќе за себе, правоверните идеолози на партијата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тој кој стоеше на чело на масите што присуствуваа на мојата егзекуција пред конечно да згаснам, ми се поклони со насмевка и ми ја покажа својата дланка во која што му блесна златен долар – идеологот на нашата иднина.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Според Х.Х., од А.А. би можеле да учат и идеолозите на до вчера братските партии, но тие застранија во ревизионизмот на марксистичката доктрина, му се вратија на Бога и нема спас за нив...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)