Морате да дадете сѐ од себе да ја согледате карактеристичната еротска вредност на секоја потенка точка од таа мажествена изведба – да го дофатите точното значење на онаквиот двиг, на ваквиот чекор, на онаквиот говор, на ваквиот склоп од плеќи, на онаквоно кимање со главата, на онака потстрижениот тил, на ваквите тренерки, на ведриот флерт со други мажи или на отфрлањето на некоја идеја зашто била приглупа.
Мора да определите (со должна почит кон Ричард Дајер) што „има“ во фризурата.
Накратко, дадената општествена форма мора да ја сфатите во сета нејзина особеност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)