Како и со Паула (Офелија) и со толку други кои исто така се фрлаа да го проверат затворачот, копчињата, додатокот на некое списание, уште еднаш се отвори бунарот во кој надежта се преплетува со стравот а сè во смртниот грч на пајаците во кој времето почнува да отчукува како некакво друго срце во пулсот на играта; од тој момент секоја станица на метрото станува инаква подлога на иднината бидејќи така е решено со играта; погледот на Маргарита и мојата насмевка, едновременото повлекување на Ана кон набљудувањето на затворачот на својата чанта, сето тоа е увертира за обредот кој своевремено почнав да го славам противно на секој разум бидејќи повеќе ги сакам и најлошите утки од глупавите ланци вериги на секојдневната последичност.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)