И за вистина, Силјане, клетвата од старецот, што ги колна прадедови ни, ни се исполни и до неколку години сите деца од лошата сипаница изумреа и останале сите како црни кукавици без челад; да му е милост на Бога, зер нејќел да нѐ сотре сите, ами и дошол на старата од стариот на сон за да им каже на дедови ни да појдат кај изворите и во едниот извор да се искапат, та ќе се сторат штркови, и да прелетаат бело море и црно, та да појдат во вашата земја и тамо челад да родат и да ги изгледаат, та пак овде да си дојдат и да се искапат во другиот извор, та да се сторат пак луѓе.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Зима. извор Да си молчалив И да не ја сфатиш песната: Говорот на непознатиот Ти, Зборот Низ кој гргори Песната: Преточениот Ти. во мојата глава Во мојата глава: Огнови и цвеќе Во моето срце Огнови и цвеќе О, каде со толку оган И каде со толку цвеќе? тага Лази мрак По мојата Душа Лази. семе Ослободен од себеси Со помалку жар во темето Спокојно талкам по небеси Збирајќи го Од светлоста Семето. патување Долго е Безболното И Бесконечното Патување.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Нови јата риби надоаѓаа и пласкаа во плитката вода крај брегот, прпелкаа како фатени во мрежа: се пикааа во трските, во шеварот, во водните растенија и испуштаа чудни шумови и клобурци над водата; шумеше водата како подземни извори да се креваат; пиштеа галебите и сите езерски птици кружејќи и налетувајќи на рибите; трчаа луѓето, довлечкуваа кошници, сепетки, кошови, вреќи, и ги полнеа со риби; довлечкуваа и магариња, коњи, ги товареа со риби, се грабаа меѓу себе, се караа, се пикаа во езерото, заграбуваа поголеми и попресни риби; ги соблекуваа кошулите, панталоните и со нив фаќаа за да не им се лизгаат рибите од раце; се крвавеа во прстите од нивните перки, од нивните крлушки, удираа по нив со ости, со вили, со виљушки врзани на стап за да ги скротат и да не им бегаат од раце; се мешаше водата со крвта од рибите и од рацете на луѓето.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Тие сега ги скротнаа воловите по ридот и дојдоа на изворот да ручаат.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)