Што не реков, ќе доречам Како извор ќе протечам Долго не ќе пресушам.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Ќе ја цицаме бебешки, на искап
природата, леунка на неопределено време
секнатите извори ќе потонат нагло
и во потсвеста ќе ни бликнат отнати
надојдени, кивни:
веќе не само води на претек
туку предзнаци.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
На Петра ѝ се навираат очите, чиниш извор ќе џвркне, ама пред да потечат солзите ги покрива со прегачот и ги забришува, да не видат внучињата, како да е од некоја настинка, кивавица, и сосила кивнува неколку пати.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)