изговор (имн.) - дека (сврз.)

Поради близината на неговата работна позиција до 37 раководството на компанијата, Н.Н. беше во можност да ги забележи сите дејанија и начини на работа на раководниот тим – што секако вклучуваше и многу ризици кои подоцна, во ноември 2001, се ефектуираа со незаконит отказ од работното место, со што и настанува спорот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тужениот „К. Ќучук“, кој ја изгуби парницата, беше должен на Љ. Х. да му ги исплати 11-те неисплатени плати [од февруари до декември 2008] – што e сума од 48.466 МКД (795 ЕУР) со казнена камата сметана од месец февруари 2009; и плус да уплати придонеси во ФПИО ПЕ Велес за 34 месеци [главно за периодот од 2006-2008] – што, пак, е сума од 109.549 МКД (1.795 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, со изговор дека наводно, заедно со останатите работници на смена, сакајќи да прибават противправна имотна корист од 5.250 МКД, при утовар на поголема количина сепариран влажен песок од декларираната, го оштетиле претпријатието2  – им е врачена одлука за престанок на работен однос поради кршење на дисциплината, донесена од страна на директорот, а без никаква внатрешна дисциплинска постапка и без никакво предупредување пред исклучување или, пак, било каков друг вид на опомена или санкција.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, се работи за следното: со изговор дека, доколку се окрупни понудата би се добила повисока цена при продажбата на акциите, директорот ги повикува вработените кои имаат акции да потпишат групно полномошно.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во март 2009, судскиот совет (составен од судијката Л. Димова – претседател и поротниците Љ. Аризанкова и О. Тодоров –  членови) донесе позитивна пресуда со која делумно го усвои тужбеното барање на тужителите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Следната сцена што ми ја прераскажа пријателката која го фотографираше приемот, беше како двајца од службата за животно здравје, го одвеле Давид во лудачка кошула, под изговор дека „на кутриот, од неодамна душевно болен, почнале да му попуштаат конците на трпението”, а евидентен доказ за тоа била „запенетата уста која е единствен и непобитен доказ за беснило”.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Чув од домаќинот дека во амстердамскиот градски парламент „хипиците“ добиле на изборите две пратенички места, а од уште пет добиени се откажале, под изговор дека, ако имаат власт во рацете ќе бидат и против свиоте идеали за кои се борат...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Од десет овци едната да е готова за четата кога ќе допадне во нивниот реон; сиромасите беа терани на стража во работните летни денови, кога можеа да заработат по некој и друг кутел житце, а потоа дојде и индивидуалното оданочување, според силите, пак да се купуваат пушки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бараше од раководството од секое село да им праќа луѓе за караули — стража — каде што денува и кога почна да ги собира сите црквени пари под изговор дека со нив ќе купува пушки, кај селаните изгуби секаква симпатија и доверба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во собата, несетено, повторно влезе Мајка, со изговор дека треба нешто да земе, а, всушност, сакаше да провери дали Татко с уште беше полетен во мислите, како изминатата пролет, на чардакот, кога цветаа јоргованите, а тој веруваше во посреќни денови за семејството, во цутењето на сиџилите, во цутењето на самото време.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Кога ќе излезеше од некоја продавница без нив, ние по малку време влегувавме внатре наоѓајќи изговор дека го бараме дедото.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Така ја довлече и до дома, под изговор дека заврнало, па ја претстави пред мајка си: „Оваа ќе ти биде снаа”.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А понекогаш му се случуваше да ја пробие ноќта, па место дома да појде право на работа; тогаш се заклучуваше во кабинетот и преспиваше облечен на каучот за пациенти, а сестрите го бранеа од нив под изговор дека докторот моментно е зафатен со неодложна научна работа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Под изговор дека се чувате од луѓето на Ѓорчета, вие ќе треба да исплетете околу местото на атентатот таков лавиринт, што тој никогаш да не биде во состојба да се извлече од него без наша поддршка и помош.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Рада и Ѓорѓе со очи се договорија и ја напуштија собата под изговор дека сакаат да прошетаат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Старите и сè уште крепки луѓе, во прв ред војводите, Крсте Јанчески, Најдо Акиноски и Дамческите, Мирче и Даме, во кусите, празни и здодевни зимски денови, кога немаа што да работат низ дома, цапајќи низ снегот прекутрупа, под изговор дека тргнале на лов, одеа во колибата на Мијаците за да слушаат, и да заблизнуваат, за нивниот прослевен предок.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Петара веднаш го мобилизира војската, го доизучи и го направи офицер, а Неделко и Тодета, под изговор дека се грижат за воените сирачиња, а всушност со сосема јасни намери, за да ги посрбат, училишните власти ги однесоа - Неделка во Крагуевац, Тодета во Горни Милановец, божем за да ги изучат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Наеднаш низ Петербург се раширија гласови дека кај Калинкиниот мост и многу подалеку почнал да се појавува ноќе еден мртовец со изглед на чиновник, кој бара некаков одземен шинел и кој, со изговор дека му е грабнат шинел, не обрнувајќи внимание ни на чинот ни на звањето, симнувал од рамената секакви шинели: и со крзно од фока и од дабар, прошиени со вата, бунди од енотово, лисичјо и мечкино крзно со еден збор, секаков вид крзна и кожи, какви што само измислиле луѓето да си ја прекријат својата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мене ми бега мислата кон воздушните струи што вестат снег, кон трпките на мазното тело што гази снег, кон човекот што го погребуваме, а таа го напушта погребот со изговор дека ѝ ѕемни, дека не може повеќе со жалните слики и заминува со автобус.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од сите страни непрестајно стигнуваа жалби дека грбовите и рамената не само, да речеме на титуларните, туку дури и на најтајните советници, им биле изложени на сигурна настинка поради ноќното одземање на шинелите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се тегне бузата на охолоста, игра мустаќот дар дара дам, а велам: ниту една! Ах, не лажам!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но крајната цел им остануваше како да се обезбеди за нивните потомци мирна и среќна иднина, со изговор дека нивното веќе минало и единствената смисла на животот е во спасот на децата...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но крајната цел им беше: како да се обезбеди за нивните потомци мирна и среќна иднина, со изговор дека нивното веќе минало и единствената смисла на животот е во спасот на децата...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И двата лика се извонредно и суптилно извајани.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ѕ одби со изговор дека не му е добро, не може да јаде и мора да седне.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Тетка ми овојпат ја убедив да седне напред со тетин Јован, под изговор дека сакам да си играм со децата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Иии! - извика најдоминантната, кревајќи ги двете раце нагоре во знак на изненадување, - види го само, те молам, овој килим!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мајка остана сама во куќата со татковите книги, под вечниот изговор дека таква била последната желба на сопругот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Наместо мене ја пратив Лима, а јас си заминав во собата со изговор дека ми се спие и сакам да се одморам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Турските власти, под изговор дека тие биле почеток на слични акции во други македонски градови, како и сигнал за востание, а користејќи го негодувањето што тие го предизвикале во Европа, решиле репресалиите да ги прошират и надвор од Солун, со цел да ја обезглават Револуционерната организација.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Било петок, 15 мај приквечер, кога пред Стефан во портирницата при влезот на католичката црква се јавил некојси Наум, кого Стефан го познавал и го замолил да му даде засолниште до другиот ден наутро, под изговор дека немал време да стигне дома пред полицискиот час.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Педесетина војници Албанци, вооружени само со штикови, поделени во 5-6 групи, а водени од фанатизирани граѓани од турската средина, под изговор дека и помагаат на војската што ги прогонува егзархистите и ги претресува нивните куќи, се нафрлиле врз затворените анови и кафеани во населбата “Вардар“, пљачкајќи сè што ќе најдат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Нивниот изговор дека во Солун се дојдени за да безделничат и да ги трошат парите на своите родители уживајќи, не бил доволно убедлив.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)