излез (имн.) - нема (гл.)

Новодојдениот тука лесно го наоѓа влезот а којзнае дали некогаш ќе сфати дека излез нема.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Камо ви го подготвениот народ да се бори?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но друг излез немаше и тој тргаа во зората со Тодора; вечерта благополучно стигна во Битола, врвејќи низ синџири аскер по Маково.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги зареди слободно сите села.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Немаш право никого да навредуваш кога и сам гледаш дека друг излез нема засега од ситуацијава, — почна да протестира Сарафов.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И се убедив дека друг излез нема: само истрајност.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Скалите веќе не допираа до тој ред, и изгледаше дека овојпат нема исход, излез нема никаков.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Друг излез немате!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ми остануваше да се радувам ноќе, кога само што ќе ги затворев очите, во сонот брзав со училишна торба за да не задоцнам на училиште, но кога ќе се разбудев ме фаќаше некоја тага, болка, излез немаше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А тука излез немаше. Партијата го имаше последниот збор.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)