Можеби ќе излезе дека геј-женственоста се состои од културна идентификација со одредени обродени начини на чувствување и на изразување или од привлеченост кон нив, како и од одбивност кон други.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тој ги претставува дисидентските односи на еден геј-субјект кон главнотековното родово кодирање на стандардните културни вредности.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Со други зборови, диференцијалното родово исцртување на сѐ и сешто, почнувајќи од машките и женските песни во бродвејските мјузикли, па до изразните жанрови и стилови што ги викаме трагедија и мелодрама, создава културен крајолик во кој голем број емоционални и дискурзивни практики се кодираат како мажественост и женственост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Штом ќе се изместат од задолжителната, конвенционална мажествена позиционираност која им се должи на тоа што имаат истополова желба, машките геј-субјекти развиваат нетипични родови идентитети преку изнаоѓање различни видови дисидентски односи кон стандардните родови вредности што се врзуваат со културните облици.
Ајде да разгледаме еден претставителен, навистина прочуен пример.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)