Ако во поглед на висината на паричниот износ или количеството [ствари] се поделат гласовите на повеќе од две мислења, повторно ќе се разгледаат причините за секое мислење, па ако и по тоа не може да се постигне мнозинство, гласовите дадени за најголемиот паричен износ или количество ќе им се додадат на гласовите дадени за најблискиот помал паричен износ или количество, додека не се постигне мнозинство (чл. 123, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако во поглед на одделни прашања за кои се одлучува се поделат гласовите на повеќе различни мислења, така што ниту едно од нив нема мнозинство, прашањата ќе се разделат и гласањето ќе се повторува сè додека не се постигне мнозинство.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Сепак, одредбите со кои се регулира оваа можност се разликуваат од одредбите на ЗВОСН од 1997 година во следните два законски решенија: а) во 2004 година стана можно неисплатениот дел од паричниот надоместок да се исплати во еднократен износ или во месечни рати до 24 месеца и б) работодавецот е должен да ги врати искористените средства на Агенцијата за вработување со банкарска камата на средствата по видување ако на засегнатиот работник му престане работниот однос, не по негова вина, пред истекот на двојно повеќе време
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)