Црни очи, црни веѓи а ете и мустачињата црни му набоднале и го украсиле белото лице како вистинска икона од свети Јована Крстител.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
На накривеното куќиште била заглавена над вратата икона од оревово дрво: безимен светец со чудесно лице на млад левент во пламена облека и со пламено копје во пребелите раце јава градест и гривест коњ и убива ламја со густ тутунски чад во ноздрите, боде многузаба исклештеност со грбник на костреш, а во далечина, под замагленото лилаво и алово небо, пукаат планини на чии преслапи зарѓуваат капки сонце - тече црна крв меѓу премазни камења, опашот на чудовиштето со последен бес се обвива околу младите нозе на белецот, земјата испукала од морничавост, во пукнатините повеќе се насетуваат отколку што се гледаат змии и гуштери.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ако не го спречеше клисарот Нестор и другите икони од црквата ќе ги фрлеше.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Брзал кон куќа со гнил дел на чардак, тврдина на стаорци или човечко дувло од плитар што не можело да има поинакви прозорци освен од парчиња момирок врзувани со олово во несигурната рамка на квадратот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Занемев пред иконата од љубовен занес и возбуда...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Кога патема помисли дека можеби ќе мора да се раздели од својот питачки стап, кој го носи осумнаесет години, од манастирската торба во која ја носеше иконата од свети Илија закитена со босилкова китка, — сети болка и тага на душата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
„Кандилата се занишаа и иконата од свети Илија почна да трепка со очите“, — тврдеше маѓерот Стојко Попов, кого нарочно Стале го поведе со себе во црквата да присуствува и да биде свидетел колку е „посветен“ дедот Стале, кога може да се кара со самиот свети Илија, та дури и кандилото пред неговата икона може да му го искрши.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Уф, кандилово угаснало! (Клекнува пред иконата и се крсти). Свети Никола златен, варди ни го и чувај ни го батета од лошо. (Ја откачува иконата од ѕидот, ја бакнува и пак ја става на местото.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)