До пред неколку годнини нејзиното име можеше да се сретне во културните рубрики на националните весници, зашто таа активно концертираше, по правило во мали состави од по три до пет музичари, и се разбира на камерни концерти кои беа главно задоволувачки, некогаш и мошне добро посетувани. Навистина, весниците никогаш не ѝ посветија поголем напис.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
За едно обично име можат да паднат многу глави.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Најпосле, зарем за еден мачор името може да биде толку важно?
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Прикаските како две нишки се плеткаат меѓусебно, од нив или крај нив се протега трета, нема почеток и нема крај, не и се знае предилката со можно име судбина или човечка потреба за измислување. тоа име може да биде и претпоставка.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)