- Ѕ в е з д а - на баба ми името моминско - на баба ми Петра, според дедо ми Петре, - прошепоти сè така згрчена, со лице ничкосано, со дланки прекриено.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
И кога пак пред Митровден се врати домаќинот мој, и кога пак го пречекав со очи згаснати, а црната шамија ветерот ми ја разврза, па ми ја здогледа косата со срма прошарена, ми рече: - Не е до тебе, Ѕвездо моја, предвреме згасната... по многу години ми го кажа името моминско - невеста Петреица според името негово - обезимена - се смраморив.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)