Најпосле, меѓутоа, сфатив дека дури и да можам да изнесам сѐ, да си ги објаснам и да си ги оправдам методите, да ги предвидам и претпазливо да се осврнам на сите можни приговори против мојов проект, да ја разгледам и критикувам работата на моите претходници и да изградам единствена, кохерентна, кумулативна расправа, никој не би истрпил еден таков сложен, волуменозен потфат и не би сакал докрај да го прочита грамадниот том што би произлегол од тоа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сфатив дека ако си го сосредоточам вниманието на една личност, односно на Џоан Крафорд, и на една сцена од еден филм, не само што ќе имам повеќе од доволно материјал за работа туку и дека материјалот што го имам изобилува со импликации кои засегаат цело множество аспекти на машката геј-култура што инаку не ќе можеше во еден том да се обработат целосно, директно и независно една од друга.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И затоа сменив правец, си ги олеснив проектот и прозата, посебно објавив некои делови од пошироката расправа,422 а изоставив редица интуиции кои не можеше да се поткрепат со релативно ограничената анализа што се помирив да ја направам наместо првобитната – макар што се обидов овде-онде да опфатам неколку од тие интуиции, понекогаш преку навестување или преку инсинуации, иако тоа подразбираше попатни искази што не знаев како ќе ги бранам.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Затоа се ограничив на еден културен објект и на еден пример од прагматиката на жанрот, па се обидов да ги изведам пошироките импликации од тој мој ограничен материјал.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)