Италија подготвуваше инвазија на Балканот почнувајќи од нашата земја – рече замислено Татко. – Ти ја прикриваше својата вознемиреност.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Како признат хроничар на родот Буколовци и фамилијата Прокопиеви, бившиот адвокат бате Иле (така во семејството го викавме и ние, половина век помлади од него) долгата семејна историја ја зачинуваше со историски податоци уште од времето на османлискиот војсководец Лала Шахини, према записите на историчарот Пастухов (презиме што, признавам, не сум го провел, но кое звучеше во целосна согласност со предметот на неговото интересирање – инвазијата на турските освојувачки орди).
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Тргнав да го подигнам југовинилот, кога цел рој се дигна во воздух. Начисто се исплашив.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
- Се сеќаваш ли, Мањушка, на еден филм од наше време,со инвазија на црвени мравки? - Како да не. „Марабунта“. - Е да, „Марабуната“. Умиравме од страв во салата...
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)