Основната ориентација што се наметнала пред големиот број иселеници од словенско потекло во САД во деновите на почетокот на Втората светска војна била насочена кон јакнењето на напредните иселенички сили и создавањето на една централна организација, која во целост ќе го претставува словенското иселеништво, а со основна задача за ускладување на работата на месните или покраинските одбори и за иницирање нови активности.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Поттик повеќе во донесената одлука за обединување на Американците од словенско потекло во една организација несомнено имал одржаниот Словенски конгрес во Москва од 9-11 август 1941 година, кога претставниците на сите словенски народи се обврзале со заеднички сили да се борат до конечното уништување на фашистичките освојувачи и за ослободувањето на словенските народи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)