институција (имн.) - во (предл.)

Висината на износот што го бараше Вујошевиќ изнесуваше околку четири плати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таа, свесна за големата морална обврска што ја има спрема своето семејство, решава да оди докрај – но, благодарение на нејзината љубов и преданост спрема работата, како и лојалноста спрема институцијата во која работи – спорот, во некоја рака, се решава спогодбено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но Евергрин беше супер, за првпат се најдов во институција во која не морав да се борам за да можам да го правам она што го сакам, а за дете како мене тоа беше вистинската работа. ?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Се пробиваше, со својата диплома, низ кревките државни институции во кои сѐ уште преовладуваше инерцијата на отоманскиот менталитет, колку и да беше силен отпорот кон него.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
„Затоа и доаѓаат први до клучните податоци.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Само на тие љубопитни и ситно зборлести женички им е позната адресата и канцеларијата на секретаријатот на таинствената институција во која се сортираат душите што го напуштаат животот“, му реков.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
5. Колку и да изгледа контрадикторно ова барање на Мисирков, тоа не само што се совпаѓаше со тогашната руска политика на Балканот, за која тој мораше да води сметка, туку беше и еден од основните пунктови на националната програма на Македонското научно-литературно другарство во С. Петербург (натаму: МНЛДУ): без привременото останување во рамките на Турција, во тогашните околности, со полна културно-национална автономија, при отстранување на пропагандите и нивните институции во Македонија и обезбедување на границите преку турскиот суверенитет, навистина тешко ќе можеше да се избегне дележот на Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Делото на Хајдегер, на Мерло-Понти ( Merleau - Ponty,1968), Гедемер (Gadamer,1976) и други феноменолози кои го разработија неговото сфаќање (види Palmer, 1969), потврдија дека човековата мисла и човековите постапки се формираат на длабочини во кои не можеме да проникнеме со јазикот, обичаите и општествените институции во одреден историски момент.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Да ги обединеа Татко и Климент Камилски своите книги, тие сигурно ќе располагаа со најзначајната библиотечна институција во градот и многу подалеку на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Француската Источна армија, во 1914 година во блискиот град Корча, пред сѐ, од стратешки воени причини, ја зазеде Корча и тука формира мала Корчанска република, посади преку ноќ мали европски институции во доменот на администрацијата, судството, здравството, даночната политика, по зазор на француските институции.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Откако се раздели доцна во ноќта со Камилски, Татко продолжи да размислува за јаничарството поим институција во историјата на Балканот и на Европа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Битна институција во историјата на Османското Царство, ако се превртел казанот, следела буна на јаничарите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
37. КАЈГАНА.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Улогата на Татко беше да ги открива, прибира и да го овозможи преносот на откриените документи во централните институции во Скопје.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, да се разбереме синко, кадиството беше силна институција во муслиманските монархии.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Денес, економското управување излегува од националната држава поради глобализацијата на економијата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Националната држава беше единствена институција во историјата, која ги обединуваше економското управување, политичката власт и културната хегемонија.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Целата идеја да ги испразни сите институции во Америка - затворите, приватните учили­шта и клубовите од внатрешноста - и да ги пренесе во своето студио учејќи да збо­рува преку медиумот на оваа бука, на нов народски јазик, сѐ уште вчудо­невидува. (...) Сепак, на крајот Фектори беше осудена на пропаст поради сопствениот успех, поради светлината што ја фрли и поради контрадикциите на Ворхоловата личност што тој така извонредно ги отелотвори во Фектори како своја фикција - големата американска сказна: Неговата храброст и софистицираност, неговата не­ ви­ност и несигурност -Дракула и Пепелашка-Дрела (Dracula and Cindarella - Drella), како што сите го знаеа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дека било јасно дека тој е уметник, дека тој не креира култура туку едноставно ја репрезентира, преуредена, изманипулирана и акцентирана по негова волја. (...) Мислел дека сме сфатиле, дека секој можел да увиди дека славата што тој ја произведуваше (за него и неговите суперѕвезди) не била вистинска слава, туку само репрезентација на слава, реторичка симулација на слава.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во културна смисла тоа беше триумфален експеримент.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Против еднонасочниот проток на комерцијални информации, како антипод на суштината на јавниот простор како место за дебата и рационален консензус, културните попречувачи меѓу кои се Billboard Liberation Front, Guerrilla Girls и бројни други уметници, обединети околу списанието „Adbusters“, ја користат субверзивната моќ на ситуационистичкиот détournement, „повторната употреба на веќе постоечки уметнички елементи во нов спој“132.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Врз билборд на „Левис“ во Сан Франциско со димензии 9х27м е залепен ликот на Чарлс Менсон, како коментар на работната сила што ја користи компанијата („направени од 130 Naomi Klein, No Logo (London: Flamingo, 2000), 280. 131 Ibid., 281. 132 „Détournement as Negation and Prelude,” Internationale Situationniste 3 (1959). http://library.nothingness.org/articles/SI/ en/display/315 (accessed April 12, 2008). 107 затвореници во Кина, продадени на казнени институции во Америка“)133; рекламниот слоган Tropical blend. The Savage Tan (Тропска мешавина.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Сигурно ќе нѐ поддржат сите институции во градот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Британскиот политички естаблишмент сепак имал надеж дека ќе може политички да се спротивстави на советската експанзија на Балканот и да ги заштити британските интереси.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Со тоа, уште во текот на војната, наместо да се концентрира на воведување институции во системот, младата македонската држава се нашла во центарот на вниманието и станала предмет на судири и тензии меѓу сојузничките сили.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но ми беше јасно дека беше предизвикано менталното двојство на А.А., како челник на единствената антиверска институција во светот, во единствената со Устав прогласена атеистичка земја во светот и неговата слободна мисла како начитан интелектуалец.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Одлуката да патувам во Албанија се совпадна со поодминатите подготовки на патувањето за кое беа вклучени неколку институции во обете земји.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)