Оттука се разви дискусија за правата на жените меѓу Клара и пријателите на Берта, кои беа дел од она што се нарекуваше млада виенска интелигенција, дискусијата заличуваше на кавга, младите интелектуалци велеа дека со светот сепак мора да владее машкиот род, и Клара, пред да излезе од салонот, рече: “Очигледно ние девојките треба самите да го земеме она што светот и ова време не сакаат да ни го дадат.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Оттогаш Клара Климт не доаѓаше во средите во салонот на Берта Ауербах, но затоа пак започна нашето пријателство.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)