Освен тоа, јавната интеракција станува внимателно испланирана, посредувана и комодифицирана.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Кога комерцијалните интереси ќе стекнат преголемо влијание над јавниот простор, конечниот резултат е уништување на чувството на споделена сопственост на тој простор (дека тој им припаѓа на сите граѓани) и ерозија на граѓанскиот идентитет.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
(...) Прошетката низ Интернет е прошетка низ една мрежа од обдуцирани идентитети коишто сите учествуваат во форма на дискурзивни единици; идентитетот веќе не е дефиниран со телото, ни со полот, уште повеќе, перформативните квалитети на идентитетот веќе не можат да се согледуваат како фиксиран склоп од квалитети, туку низ една бескрајна интеракција стануваат случајни и континуирано повторени во различни дискурзивни контексти. Маргина 37 17
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тоа бил еден од последните настапи на Арто и бил наменет за соочување со сопствениот фантазам на едно дисартикулирано, обдуцирано тело, тело како точка на преместување, подвојување и непрекината флуидност, коешто е чиста присутност и тело без органи.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)