Од тие причини, според Британците, на таа идеја "не ѝ беше дозволено да влезе во областа на практичната политика", но сметале дека во новонастанатите услови може лесно да прерасне во политичка реалност и да ги загрози британските интереси.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Британскиот страв произлегувал пред сè од опасноста што обединувањето на Југославија и Бугарија би претставувало дополнителен притисок врз Грција за нејзино отстапување пред општите словенски интереси или за задоволување на "природните интереси на автономна Македонија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Директорот беше интелигентен и искусен човек, добар организатор, но над с и над сите го поставуваше партискиот и само партискиот интерес или, како што милуваше да вели - волјата на Партијата.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Во него беше предвидено да се применуваат одредбите од член 135 до член 137 (одредби во кои беше регулирано усогласувањето на интересите и заштитата при отпуштањето од работа, судските реше- нија што се однесуваат на заштитата од отпуштање од работа и туж- бите поднесени од страна на вработен), без разлика дали економските, технолошките, структуралните и другите слични промени, како и усогласувањето на интересите или барањето за донесување социјален план без спроведување на претходните постапки се преземени дури по продажбата на должниковото претпријатие или дури по продаж- бата на некој негов дел.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Законот од 2007 предвиде и можност Владата да ги намалува и менува квотите за вработување и работа на странци по региони, области, компании и работни места и да поставува ограничувања и забрани на приливот на нови странски работници во целост или во одредени општини, ако постојат добро основани причини дека ова е од јавен интерес или општ комерцијален интерес (чл. 5).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
И без твоето двоумење знам дека има и премногу фира помеѓу известијата што втасуваат до мене“, му реков на Борче.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се разбира, не му реков дека за мене и не е битно ваквите податоци колку држат вода, и дека неговите информации стануваат интересни само во случаевите кога ќе дотечат од повеќе извори, или кога ќе откријам дека во таквите приказни е содржан и некој туѓ интерес или настан спротивен на нашите интереси.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Објаснувањето дека информацијата случајно ти се истресла мене воопшто не ме изненадува.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)