И без твоето двоумење знам дека има и премногу фира помеѓу известијата што втасуваат до мене“, му реков на Борче.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Така во просветителството прв пат со помош на методична обдукција добиваме достапност до информацијата, а таа постапка се продолжува и степенува сѐ до денес, кога обдукциската информација станува и естетска, кога внатрешноста на желудникот може да функционира како естетска слика затоа што рефлектира некоја друга физикалност, некоја друга реалност, други линии и црти, а исто така пружа и специфична естетска угода што најлесно можеме да ја наречеме угода на интеракција, односно задоволство поради тоа што сме присутни на далечина.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Се разбира, не му реков дека за мене и не е битно ваквите податоци колку држат вода, и дека неговите информации стануваат интересни само во случаевите кога ќе дотечат од повеќе извори, или кога ќе откријам дека во таквите приказни е содржан и некој туѓ интерес или настан спротивен на нашите интереси.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Објаснувањето дека информацијата случајно ти се истресла мене воопшто не ме изненадува.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)