364 Затоа не треба да чуди загриженоста во Форин Офис и од информацијата на шефот на британските воени мисии во Југославија Фицрој Маклин од 21 јануари 1945 година во која било пренесена изјавата на Јосип Смодлака, повереник за надворешни работи на НКОЈ, за согласноста на бугарската влада “конечно да ѝ ја отстапи бугарска Македонија на Југославија“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Мајка мораше да се врати од Солун, во Лесковик. Според предвидувањата и информациите на нејзиниот татко, тогашен префект во речиси развластениот Лесковик, од војските кои доаѓаа и заминуваа заедно со туѓите окупаторски режими, во Солун требаше да се очекува големата воена разврска, пресудна за Првата светска војна...
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во типологијата на писмото, алфабетот го зазема највисокото место затоа што претставува најекономичен систем во поглед на количеството на знаци, неопходни и достатни за потполно бележење на говорот и за пренос на информацијата на растојание.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
И на крајот, фонографски систем со знаци на писмо што одразуваат одделни звуци се определува како алфабетски систем или алфабет.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Изгледа дека Мичиген ривју ѝ ја проследил информацијата на својата матична организација.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)