искра (имн.) - ми (зам.)

Искри ми прскаат ко гламна да удрил некој од земја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Лебот и сирењето ми паднаа од раце, в грло нешто ме стегна, некакви искри ми прелетаа пред очи, се стресов и сакав да заплачам, ама немав солзи, сакав да викнам, ама немав глас, сакав некаде да избегам, ама немав сили...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А ногата боли до врвот, искри ми прскаат пред очи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас потстанав, цигарата ми прсна, букет искри ми исфрли цигарата, надвор почнаа да подлетнуваат гулаби.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гори и лета: снопчиња искри ми прскаат во очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)