искуство (имн.) - ѝ (зам.)

Но, се воздржа, ништо не рече. Нејзиното искуство ѝ кажа сѐ.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нејзиното искуство ѝ кажуваше дека родителската врска исконски останува нераскинлива. ѝ беше сосема јасно дека еден ден нејзината внука, без разлика на далечината и времето, ќе посака повторно да го почувствува тој мирис и да се огледа во неговите очи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)