Во оваа сфера, со ЗРО (2005) се воведе и нов подвид на договорот за вработување – а тоа е договор за волонтерски стаж (чл. 61, ЗРО/05) – и тоа, во случаите, кога овој стаж е услов за полагање стручен испит или за самостојно вршење дејност. 11 б) Тенденцијата кон намалување на сигурноста на работното место беше засилена преку измените од април 2003.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Невидлив меч му го пресече телото, како кога ќе видеше на огласната табла на факултет дека не го положил испитот или како кога некоја девојка која му се допаѓаше ќе поминеше покрај него гушната со некој дечко.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Акварел
Земаш вода, боја, четка
ризик, многу ризик
плус страст, вишок страст
отаде доброто и злото
еден нескротлив гест
и
зафаќаш со еден потег
цел несогледлив амбис
окно под свеста, под себеси
го повлекуваш пругоре вовреното црево
го вадиш од дното на сликата
без право на дополнителен влог
без шанса за поправен испит
или прошка
и
го овоплотуваш змејот
прекрасното чудовиште
заумната фигура!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)