Конкретниот есенцијалистички модел на машкиот геј-идентитет кој го промовира Фелоус, неговата визија за геј-мажите како природни старинари, архитекти реставратори, љубители на стари куќи и „чувари на културата“, не може да ги објасни оние мажи – а знаеме дека такви има, дури ги има и во значителен број – кои се страсни и посветени модернисти, кои инстинктивно мразат украси, мразат викторијанска ситничавост и детали од разни периоди, кои копнеат по чисти линии и по апстрактни форми, по простори на зен-чистота и по јапонска апстракција и кои ни мртви нема да ги најдат ниту на сто метри од некое милјенце.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
„Сите геј-мажи што ги познавам се ужасни мурдари, а и ти си таков“, му рекла мајка му на писателот и критичар Џон Вир по телефон кога му се јавила за да поразговараат за Настрано окце за стрејт-дечкото и за подвизите на Фантастичната петорка: „Има шанса да ги донесеш да ти го исчистат станот?“ 344
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Понатаму, третирајќи го тој образец, чија највидна одлика е „родовата атипичност“, како претставителен за „геј-мажите што се склони кон зачувувањето“ (25) и најпосле за геј-мажите воопшто, Фелоус на крајот на краиштата ни ја наметнува како вистина за нас која мораме да ја признаеме – инаку ќе нѐ обвинат дека сме во состојба на одрекување (токму поради таквите тактики на виткање рака противниците на есенцијалистичките модели на хомосексуалната различност честопати го нагласуваат имплицитно принудувачкото, дисциплинирачко или „законодавно“ дејствување на есенцијалистичките теории).343
Покрај сите тие проблеми, кои се типични за секој обид општествените идентитети да се претстават во есенцијалистичка смисла, во овој аргумент има и уште една слабост од толкувачки или критички вид.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Некои од тие момци можеби се во стегите на реакциското формирање – жртви на интернализирана хомофобија или на родова паника, кои очајнички си ги потиснуваат и си ги одрекуваат длабоките, внатрешни копнежи по циц, по кадифе или по позлата – но тоа веројатно не важи за сите нив.
Моделот на Фелоус, исто така, не ги објаснува ниту естетски неврзаните геј-мажи на кои навистина не им е грижа за историјата, старите куќи, дизајнот или стилот, за чувањето на минатото и за живот во совршен ентериер и чиј вкус е срамотно подложен на чести, страшни испади.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)