Како за инает кадијата беше ја поставил кладата за татко му Трајка на тоа проклето место; и двајцата, син и татко, да пропаднат во истата јама.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И кадијата беше на тоа мислење, но ферманот од султанот јасно зборуваше: Штом ќе ја добиеш мојата заповед здраво да се зафатиш со нивното фаќање.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Пресудите на кадиите беа извршни, па и за смрт да се однесуваа.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Меѓу тие исполнители на наредбата од кадијата беа нашите познати бегови Јунус и Рифат во друштво со муфтијата, имамот и неколку оџалари и агалари, кои не сакаа да носат в раце дрва та затоа натоварија по еден коњ и ги растоварија на местото што им го покажаа сејмените.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Коа чу тие зборои тепаниот од кадијата, си свил опашката в газ и си излегол од мевќемето надвор.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Кадијата беше начисто со тоа дека авалеџијата и гавазот се отепани од некој повеќе што плати, но таков не беше еден, та место сите да ги осуди, тој сите ги пушти белким и некој друг ќе отепаат да лапнат со кајмакамот уште по некоја и друга стотка жолти.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На часот кадијата беше пуштил музурот по тепачот да го викат за да го судит.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Ај, аџиице, да ме испратиш - је рекол на жената си - од град надвор, оти јас ќе одам на аџил'к.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)