Може ова му беше казната од копјето на Свети Ѓорѓија, кое најпосле заслужено го стаса?, си рече.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- Да, но ти знаеш – рече таа – јас ќе добијам таква казна од нив што ни на сон не сум можела да ја сонувам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Поголема казна од бога ќе навлечиш... - му рече. - Поголема од ова нема... - свика очаено Дејко.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Што ми требаше да доаѓам со вас без да им се јавам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Бесмртноста му беше казна од боговите.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
И Стале, кој уште на триесет и пет години стана дедо Стале поради својата коса, брада и црна антерија не пропушташе ниедна несреќа во селата да не ја протолкува како казна од свети Илија што не му го прават селаните меќанот -манастирот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Таа не можела да замисли никаква пострашна казна од судбината, токму затоа што најмногу од сѐ на светот сакала деца.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)