кал (имн.) - од (предл.)

Месеа кал од црвена глина со слама, па ги правеа сами керамидите и циглите за да градат куќа.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Принцот излегува на улица и шлапка по калта од дождот романтичен... впрочем, последната песна што ја напишав се вика „Кулиси на животот“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тој во одговор само молчеше; ја положи десната дланка на левото срце, го рашири лицето во срамежлива насмевка, не насмевка на задоволство туку само на благодарност, па се изгуби во својата сива заднина, во која не се разликуваше земја од небо, кал од камен и трн од глог.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
После сето она што го минавме на претходното место воопшто немавме примедби на куќава, но набрзо по вселувањето секое утро почнав да забележувам траги од тела на некои крупни бубачки по тепихот на долниот кат; случајни, како мртви глисти на улица после дожд; а кога прв пат ги здогледав, личеа на топченца волна или парченца кал од детски чевли, или, понекогаш, ако завесите се навлечени, толку потсетуваа на дамки од мастило или темни изгореници што се ужаснував, бидејќи, уште на самиот почеток, тој дебел тепих ме беше престрашил, па првата недела чекорев по него посакувајќи чевлите да ги прождерат моите боси стапала.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во пазарен ден, ќепенците на берберницата на Ружди беа секогаш отворени, а внатре седеа по два-тројца селани, сѐ уште со кал од нивјето по гумените опинци и со вратови изгорени и избраздени од сонцето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Што ќе земете сега вие: калва од ушиве или калва од под ноктиве ќе ја земете, му рекол и Гојко и нему му ја истркалал главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
дрво удрено од ровја, црно и го фаќам в гуша и го стегам колку што можам, а тој само потклекнува и кркори, небаре да брбори во вирче вода, пушта шапки и очите му излегуваат надвор, ко откатени ореви, бамуја, и потоа памтам само дека ме удри нешто по глава, и ми скрцка нешто во главата, мислиш некој џам ти се скрши во главата и после, кога се освестив се видов бос, ми ги собуле чевлите и чевлите ги видов на нозете од старшијата, оти после многу денови ме тепаше, ќе ме потепа, потепа, и ќе си фати настрана, и ќе се погледнува во чевлите, во ботушите, ќе се кочопери, ко петел на буниште, ама нема веќе што да ми земе, може само животот или калта од под ноктиве да ми ги земе, и сега еве се дотркалав и до ножот од брат ми...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)