Ја остави прачката во долапот, како да потпевна прачка имам камен немам, па ја бакна мајка си в чело и цел ден и цела ноќ попусто чекаше да му подари солза радосница.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Насилниците пред нас збунети и зашеметени се вртеја и незнаеја што точно да прават и од каде да се бранат. А и камења немаше...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Беше навистина еден на еден. Мал, мал ама техничар, Давид го плесна со каменот од прачката Голијата средчело, сѐ се заврши мигум, Давид мигум фрли поглед кон скришната ѕвезда на небото и додека сите вџашени се прашуваа до прачката ли е, до каменот ли е, до раката ли е, мрзоволно киниса накај дома, како што денешнава младеж пред полноќ мрзоволно се качува на последниот автобус за приградската населба.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Ти благодарам што ми ги отвори очите: та нели и најмалите нешта не смеат да се понижуваат, нели животот е мозаик во кој без едно единствено камче нема целина плодоносна?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)