И како што надоаѓале пролетните поројници во свијокливото корито на Давидица, рекичка што некаде околу денот на светецот Петар е испиена преку ноќ од горештина, така ненадејно растеле и невисоките ѕидови на четириесет и трите воденици - груб камен врзан со иловица или, подоцна, со вар.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
По Божик тврдоглавите од Кукулино почнале со здружена работа, кришум, без бучава, далеку од очите на власта.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Слепата Донка викаше од чардакот на нејзината куќа по луѓето да не ја остават сама, да ја земат и неа ако бегаат некаде, но никој не ја слушаше од плускањето на дождот; како што водата растеше и ја зафаќаше куќата, така и Донка бегаше од долниот кат на горниот и пушташе камен врзан на конец, пласкаше по водата за да чуе до каде е нарасната.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)