Кандилата на блиската џамија оцртуваат во првата замраченост светлив венец околу минарето.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Ги имавме пред нас Марковите кули, извишени навистина како кули, додека под нив градот се тестеше во првиот мрак, палејќи ги мижуркавите светла како кандила на провев.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Твојот Адам без тебе и без Ева лута му остана само крвта за да им пали кандила на боговите може ќе ти пораснат нови раце никојпат не сум се родил заедно да се родиме!
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)