Работел што работел Видан кај Петара Акиноски, се грижел Петар Акиноски што се грижел за Видана и за мајка му, а кога и Видан почнал да поболува, му рекол Петар дека тоа не може така да продолжи, дека треба да изучи нешто полесно да работи и го однесол на дуќан кај Коста Циривири, прилепчанец.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ги провалија некаде пред матура, ги предаде едно типче кое сега беше најмлад гардиски капетан во земјата и неофицијално еден од најмоќните луѓе во градот.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Па го чекаш својот капетан во чамец, или подобро во јахта, кој доаѓа да те спаси.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Така, работејќи денеска овде утре онде, еднаш ова другпат она, стигнал да се здружи со некоја тајфа мајстори-ѕидари, од Демирхисарско; тие го запознале со Тодета Акиноски, кој, тогаш бил наредник во Кралската гарда, а Тоде го однесол дома кај Петара Акиноски, кој, пак, како учен човек, беше капетан во Кралската гарда.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)