Само Калето опстојуваше во времето, макар и тоа растресено и осакатено од земјотресот, со разурнатите жолти касарни во кои, на крајот, беше сместен Музејот на Револуцијата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
- Тој служел во касарната во населбата Аеродром и се пензионирал како полковник и командант на касарната.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Просторот на земјата, што ја бранеа, не беше поширок од десетина километри, државата беше капитулирана, додека тие ја освојуваа Албанија, сѐ дури некој не им јави дека Германците се наоѓаат веќе во нивните касарни во гратчето, каде што беше нивниот гарнизон.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)